Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивното отстранување

1 декември 2025 | Соопштенија

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.

Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 – 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука, како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.

Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.

Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.

Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицидот расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.

Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.

На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.

Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...