Одговори на новинарски прашања за време на посетата на Ресен

11 ноември 2025 | Интервјуа

Новинарско прашање: Претседателке, го читавме извештајот на Европската Комисија. Колку е тој опфатен со технички детали кои се однесуваат на Копенхагенските критериуми, или повеќе содржи, би рекол, политички моменти – „сменете го само уставот“. Кое е вашето гледање?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Зборувам не само како претседателка, туку и како човек кој во животот видел многу извештаи, пратеничка која дискутирала за секој извештај, и заклучокот е – да, извештаите треба да бидат повеќе техничка слика, техничка претстава, бидејќи тие дијагностицираат, понатаму класифицираат и евалуираат. Но јас секогаш велам – секој извештај не говори само за евалуираниот, тука и за креаторот, односно за евалуаторот. Да, во извештаите што се однесувале на нас и на нашиот годишен напредок има или доминира техничката димензија, но многу често, и овој пат, е присутна и политичката димензија, или, едноставно кажано, би бил заклучокот дека технички може и да напредувате, ама политички може да сте блокирани. Или, техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Мислам дека овој вториот елемент е проблематичен и спорен. Можеби во иднина, при креирањето на извештаите, во духот на преговарање, оти преговори не се јас вас да ви доставам еден извештај и вие само да го коментирате, можеби и во текот на креирањето на извештајот, во рамките на тела, како што се Парламентот или Националниот Совет за Евроинтеграции, или Комисијата за Евроинтеграции, треба да се дискутираат некои од овие прашања. Или, можеби, конечната верзија треба да е плод и на дијалогот што ќе се одвива, и на забелешките на оној кој што забележува, да речеме. Во ова насока, јас имам намера, мислам дека е на 17-ти, бидејќи претседателот има право на член во Советот за Евроинтеграции, јас номинирав таму моја колешка, врвна познавачка на оваа проблематика, но мислам дека е добро и самата да се појавам таму, за да ја изразам посветеноста на реинтеграцијата, или на евроинтеграциското чекорење, но исто така и да презентирам некои мои забелешки на извештајот.

Новинарско прашање: Времено се замрзнати средствата од ИПАРД програмата, после апсењата, после онаа афера со примањето мито. Како гледате на оваа состојба сега во моментов?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Состојбата е, како да кажам, време на испитување или преиспитување. Мислам дека од владата или од премиерот дојде предлогот за привремено блокирање, за да се испита мрежата. Инаку, што да кажам, ИПАРД фондовите се многу важни, тоа е еден неверојатно за нас значаен проект. Еве и денеска во разговорот со градоначалникот, зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно и мислам дека европското однесување или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства кои што ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е прв пат да се соочиме со феноменот на злоупотреба, тоа не е добро. Значи, одговорност мора да има, но, веднаш ова треба да биде причина да се гарантираат транспарентниот процес во користењето на средствата и одговорноста и отчетноста за да се оневозможи пост фестум ние само да санкционираме, но, повторно да има можности за злоупотреба. Тоа не е инаку, злоупотребата, не е одговорен однос, злоупотребата не е европски чин и мислам дека треба да добие завршница.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...