Претседателката Сиљановска Давкова во Дихово: Руралните жени се хероини на кои треба да им се восхитуваме и да ги поддржуваме

15 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот ден на руралната жена се обрати на трибината на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“, што во организација на Националната федерација на фармери се одржа денеска во битолското село Дихово.

Во своето обраќање, претседателката заблагодарувајќи се на жените од руралните средини, посочи дека нивната улога не е само да придонесуваат во земјоделието, како една од најзначајните стопански гранки, туку далеку поширока. „Јас се гордеам со луѓето што живеат во руралните средини. Македонија била рурална држава. Храната била и ќе остане стратешка цел, покрај енергијата“,  рече претседателката.

Истакнувајќи дека тие вложуваат енормен труд,  без или со минимален надомест, претседателката ги потенцираше бројните проблеми и предизвици со кои се соочуваат жените: системската дискриминација, недостиг на инвестиции и донации во земјоделството, неплатена домашна работа и скратен дневен, неделен и годишен одмор, отсуство на здравствено осигурување за време на бременост, недостиг на социјална грижа заради непокриеност со детски установи, нецелосна и несоодветна здравствена заштита, недостиг на домови за стари лица, непоседување на имот, слабата инфраструктура, отсуство на редовен превоз,  неинформираност, како и е несоодветната и неправична заработка.

Таа истакна дека не смееме да дозволиме руралните жени да бидат вештачки хендикепирани и фрустрирани и дека се потребни измени на Законот за работни односи и Законот за здравствено осигурување. Во таа насока таа порача и дека економските и социјалните политики мора да ги земат во предвид потребите на најранливите категории.

Потенцирајќи дека најпогодени се жените од сиромашните земји, таа порача дека суштинска е поддршката и охрабрувањето на женското претприемништво, менторството и лидерство, додавајќи дека успешните жени, како во политиката и економијата, така и во руралните средини треба да бидат инспирација.

„Не смееме да ги занемаруваме трудот, вештините, секојдневниот ангажман на оние што придонесуваат не само за благосостојбата на семејството, туку и на заедницата и на општеството. Со право велат дека животот на жените лидерки од руралните средини е 24 часовен ангажман, битка со земјата, љубов со земјата, со производството на храна и секојдневна битка и соживот со природата. За мене, жените од руралните средини се апсолутните лидерки, хероини на кои треба да им се восхитуваме, но не е доволно само да се восхитувате, туку треба да ги поддржуваме и да ги помагаме, индивидуално, институционално и на секаков начин. Поддршката на руралните жени е поддршка на македонското село, поддршка на запирање на процесот на иселувањето, поддршка на земјоделството, поддршка на македонската економија, но и поддршка на македонската иднина“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека покрај актуелните безбедносни и економски кризи, климатските промени може да имаат огромно влијание врз руралните средини, односно врз производството на храна, што уште повеќе ќе ја загрози кревката економска и егзистенцијална положба на руралната жена. Од тие причини, додаде претседателката, покрај глобалниот одговор мораме да дејствуваме локално. „Ако ни се заканува суша треба да размислуваме за штедење на водните ресурси, да инвестираме во брани и акумулации, да имплементираме современи системи за наводнување, да користиме исплатливи технологии. Во од треба да се прилагодуваме на состојбите, за да не се соочуваме со катастрофи“, рече претседателката во обраќањето.

Таа изрази задоволство од изборот на нашата земја за членка во Советот за човекови права, додавајќи дека женските права се човекови права, правата на руралните жени се човекови права, и дека можеме да ги решаваме не само локално, национално, регионално и европски, туку и на ниво на Обединетите Нации.

Целта на трибината е да се истакне важноста на улогата на жените од руралните средини за земјоделскиот и руралниот развој на нашата земја и можностите за нивно економско зајакнување.

Свои обраќања имаа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Национална федерација на Фармери, Васка Мојсовска, раководителот за развојна соработка во шведската Амбасада,  Микаел Атерхог, регионалниот директор за Европа во шведската организација за развој „We Effect“, Сашо Ангеловски и менаџерката на проектот: Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа, Карин Рау.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина....

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Обете уште еднаш потврдија дека двете земји, како долгогодишни сојузници,...

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан. Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 -...

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...