Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со директорот на Агенцијата за иселеништво

25 февруари 2025 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов.

На средбата, директорот ја информираше претседателката за организацијата на Агенцијата и за човечките ресурси во неа, како и за преземените и планираните активности, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации.

Тој истакна дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка мрежа од 700 црковни, спортски и културно уметнички иселенички организации, што изразуваат силен интерес за средби со неа и со други највисоки претставници на државата, како неопходен механизам за зајакнување на односите со татковината.

Г. Горан Ангелов укажа дека иселениците најчесто се жалат на проблемите врзани за бирократските бариери и долгата и комплицирана процедура за добивање македонски пасоши и други документи, важни за остварување на нивните граѓански права во татковината. Истите, според него, може да се надминат преку поактивно и попосветено излегување во пресрет на вработените во македонските амбасади и конзулати, од една страна, но и преку отворање канцеларии во општините од кои потекнуваат за низа акти и документи, од друга.

Во разговорот се потенцираше потребата од обезбедување наставни помагала за изучување на македонскиот јазик во дијаспората. Според регистарот на Агенцијата за иселеништво, има 76 наставнички по македонски јазик низ светот, кои изразиле голема потреба од унифициран учебник по македонски јазик по кој би предавале, со кој би ги замениле постојните работни тетратки што сами ги креирале и отпечатиле.

Претседателката укажа дека одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик е вистинско време и повод за промоција и поттикнување на изучувањето на македонскиот јазик од младите луѓе во дијаспората.

Таа, за оваа цел, со задоволство ја прифати поканата за покровителство на  „Летната школа за македонски јазик“ за деца од дијаспората, на возраст од 12-16 години, што ќе се оддржи во август во Охрид.

На крајот, со директорот г. Горан Ангелов сподели идеја за доделување награди на најуспешните и најреномираните нашинци од дијаспората во сферата на науката, културата, бизнисот, спортот, како и за нужноста од изработка на „Дигитален регистар на најуспешните во дијаспората“ во соработка со Владата, МАНУ, универзитетите, амбасадите и други субјекти, заради евиденција на нашиот највреден социјален капитал надвор, како и за нивен ангажман во татковината!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон...

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...