Сиљановска-Давкова оствари средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент

26 септември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари исклучително корисна средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент на којашто се разменија ставови за повеќе актуелни прашања коишто се од заемен интерес.

На средбата, Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања Орхан Муртезани го поздравија нагорниот тренд во развојот на билатералните односи и разговараа за областите каде што може да се направи дополнителен исчекор.

Во фокусот на разговорот беше потенцијалот за продлабочување на македонското стратешкото партнерство со САД.

Претседателката нагласи дека охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратешки прашања како што се отворањето на енергетски коридори од интерес за двете земји и засилувањето на економската дипломатија.

Соговорниците ја потврдија исклучително успешната соработка којашто произлегува од членството во Северноатлантската Алијанса.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....