Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

19 август 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во Вила Билјана во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. Летна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ којашто се одржува во Охрид до 29 август годинава.

Истакнувајќи го големото значење на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, Претседателката оцени дека големиот интерес во светот за македонистиката преку дејноста на 11 македонистички лекторати, ја нагласува потребата од нивно зголемување и преку универзитетски центри за изучување на македонскиот јазик, литература и култура.

Претседателката им посака успешно реализирање на предвидената програма на 57. Летна школа додавајќи дека истата со своите разновидни содржини претставува можност за стекнување на едукација во пракса, остварување на различни видови на соработка и придонесува за развојот на лекторатите по македонистика во светот и културната дипломатија.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. На годинешната 57. Летна школа којашто се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ учествуваат 65 македонисти од 17 земји.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон...

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...