Сиљановска-Давкова на 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените во Њујорк: Време е да го довериме кормилото на ОН на жена

22 септември 2025 | Соопштенија

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените.

Сиљановска-Давкова рече дека жените во светот, заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните, но исто така и носители на исцелување, сочувство и надеж.

Учесниците во своите излагања се фокусираа на потребата од посветеност, обезбедување на соодветни ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција.

За таа цел, тие ја истакнаа важноста од конкретни и одржливи политики за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња, како клучен предуслов за праведни и просперитетни општества.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитувани екселенции,
Почитувани колеги,
Дами и господа,

Пред триесет години, во Пекинг, нациите во светот дадоа свечена заклетва: да ги унапредат правата на жените како човекови права, да постигнат родова еднаквост и да ја охрабрат секоја жена и девојка да живее ослободена од насилство, дискриминација и ограничувања. Пекиншката декларација и Платформата за акција и натаму остануваат камен-темелник на меѓународното право, жив доказ дека еднаквоста за жените е и правда и предуслов за мир, но и просперитет и одржлив развој.

Сепак, три децении подоцна, мора да признаеме: напредокот е нееднаков, кревок и премногу често реверзибилен. Насилството врз жените и натаму останува неказнето, фемицидот ја осквернува светоста на животот, а структурните бариери сè уште го негираат лидерството, ресурсите и моќта за донесување одлуки на жените. Тоа не се апстракции, тие нанесуваат рани на семејствата, општествата и генерациите.

Во исто време, самата институција создадена за да го заштити мирот, Обединетите нации, се соочува со длабока криза. Замислена како најголем мировен проект на човештвото, таа сега стои исправена наспроти војните коишто беснеат низ континентите. Осумдесет години по основањето, мирот, raison d’être на ОН, останува неостварлив. Марс сè уште владее во времето кога Венера, отелотворена во визијата, сочувството и лидерството на жените, треба да ја води нашата заедничка иднина.

Ако сме сериозни во врска со мирот, тогаш време е да го довериме кормилото на Обединетите нации на жена.

Ние, жените на светот, заедно со децата, сме првите и најголемите жртви на војните. Но, ние сме исто така и носители на исцелување, сочувство и надеж. Родовата еднаквост не е феминистичка привилегија, туку е хуманистички императив. Не бараме услуги, ниту матријархат, туку праведен поредок во кој талентите и креативноста на половина од човештвото се целосно признати заради напредокот на политиката, науката, здравството, образованието и мирот.

Екселенции,

Пекиншката декларација повикува на обезбедување на еднакви права и еднаков пристап за жените и мажите, девојчињата и момчињата. Овој повик останува ургентен и денес. Само заедно, жените и мажите, го отелотворуваме човештвото во целина.

Мора да собереме храброст, да се осмелиме да го трансформираме овој турбулентен свет и да ја обновиме нашата посветеност на визијата од Пекинг за секоја жена и девојче, како и за ветувањето за поправедна, похумана и помирна иднина.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....