Претседателката Сиљановска Давкова ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

26 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими членовите на хорот „Златно славејче“.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна големото значење на фестивалот „Златно славејче“ за развојот на креативноста и талентот на најмладите и додаде дека овој фестивал бил расадник на детскиот квалитет и почеток на успешна кариера на многу познати музички имиња низ годините.

Членовите на детскиот хор и солистите на „Златно славејче“ испеаја познати рефрени од овој фестивал, а со коишто ќе се претстават на нивниот концерт во рамки на манифестацијата “Фестивал на водени спортови Охрид”.

Претседателката Сиљановска Давкова им посака уште многу хитови и успешни музички настапи изразувајќи ја својата поддршка за фестивалот којшто веќе 54 години негува вредности преку кои децата се градат како поединци во нашето општество.

Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржало на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје и традиционално се одржува во рамки на одбележувањето на ослободувањето на Скопје, 13-ти ноември под покровителство на Претседателот на државата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...