Претседателот Пендаровски се сретна со граѓани, производители на мед и рудари во Македонска Каменица

28 август 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска беше во посета на Македонска Каменциа, а поводот се три значајни обележја на овој град. Денот на рударите во источниот дел на државата којшто се одбележува веќе 56 години, ден на општината Македонска Каменица, а и денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица којашто е заштитничка на рударите.

Денешниот празник, како што рече претседателот Пендаровски, е повод за големи народни собири. А, овој во Македонска Каменица, како што истакна Претседателот, „ е еден од најубавите“.

Истовремено, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, 28 август од 96-та година наваму важи и за Ден на општината Македонска Каменица.

Претседателот Пендаровски истакна дека „секогаш е убаво да се биде во град како Македонска Каменица, град којшто има живописна и ибава природа“.

Честитајќи им го денешниот празник, претседателот Пендаровски, во центарот на градот поразговара со граѓаните, коишто за овој ден имаа подготвено посна трпеза. Во духот на празнуваето претседателот Пендаровски имаше можност да проба и домашна ракија.

Во паркот на пчеларите, производителите на мед, го информираа претседателот Пендаровски ека покрај рударството, и пчеларството станува обележје на Македонска Каменица, бидејќи во последните две – три години медот од источниот дел на Северна Македонија е многу баран, како на домашниот, така и на странски пазари.

Претседателот Пендаровски исто така денеска ја искористи приликата да му честита на Антониот Самарџиски, којшто како дел од вработените во рудникот „САСА“ годинава е прогласен за најдобриот рудар. При средбата со рударите, претседателот Пендаровски, им го честиташе денешниот ден и им посака и натаму да работат безбедно и потоа безбедно да им се вратат на своите најблиски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...