Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

2 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ја упати следната честитка:

Почитувани граѓани,

Ви го честитам најголемиот македонски празник – 2 Август – Илинден. На овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. На 2 август 1944-та, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија македонската држава како република на национална слобода и социјална правда, на рамноправни граѓани, „не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание“.

Право и должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и да го обновува духот на македонската република, усогласувајќи го со новите околности и новите можности.

Борбата на нашата генерација е, чувајќи го наследството на илинденците и асномците, да ја направиме нашата македонска република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република што ќе биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да го спречиме иселувањето и да создаваме иднина за младите, тука, во нашата заедничка македонска татковина. Таа борба ќе ја добиеме со европеизација на државата, со владеење на правото и искоренување на корупцијата, со компетитивна економија и грижа за животната средина, со сплотување околу општото добро и јавниот интерес.

Драги сограѓани,

Додека го одбележуваме Илинден, храбрите пожарникари, војници и волонтери со натчовечки сили се борат против огнените стихии за да ги спасат нашите шуми, и животите и имотите на нашите граѓани. Да им помогнеме и да ги поддржиме, и со тоа активно да учествуваме во борбата за доброто на граѓаните и иднината на републиката.

Нека ни е за многу години Илинден!
Да ни е вековита македонската република!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.   Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока...

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа. Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна...