Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

11 април 2025 | Соопштенија

На средбата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази став дека туризмот, како гранка, не само што носи приход, туку и го промовира македонското природно богатство и културно наследство пред светот, како наша компаративна предност.

За неа, мала држава како нашата, со исклучителни природни убавини и вредни културно-историски добра има големи и реални шанси да биде посакувана туристичка дестинација не само за време на летните  месеци, туку во текот на целата година. Се разбира, останува трајната обврска на министерството за култура и туризам, другите министерства, но и единиците на локалната самоуправа, како и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за создавање неопходни претпоставки.

Стефаноска ја информираше претседателката за работата на агенцијата којашто е формирана во 2008 година, со акцент на последните неколку месеци откако е на оваа функција, посочувајќи ги успесите и падовите, актуелните проблеми и предизвици со коишто се соочува.

Таа посочи дека е потребно да се креира стратегија за развој на туризмот, комплементарна со онаа за културата како гаранција за успех.

Соговорничките се согласија дека поврзувањето на културата и на туризмот во едно министерство е чекор напред во стратешкиот пристап кон нивниот развој.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...