Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

17 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка во сите области од заемен интерес.

„Искрено се надевам дека со Вашиот ангажман ќе продолжиме заеднички и со взаемна волја и посветеност да ја интензивираме соработката, со посебен акцент на економската и надворешно-трговската соработка, туризмот и промовирањето на заедничките активности и проекти кои се во интерес на двете земји и нашиот регион“, истакна Претседателката додавајќи дека очекува соработка и поддршка во реализацијата на националните, регионалните и меѓународните иницијативи и проекти.

Во своето обраќање на церемонијата, амбасадорот Миљаниќ ја изрази желбата за продолжување на развивањето и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Зоран Миљаниќ му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите...

Сиљановска-Давкова: Време е за наше очовечување преку градење инклузивно македонско општество

Сиљановска-Давкова: Време е за наше очовечување преку градење инклузивно македонско општество

Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани. Според...

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивното отстранување

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивното отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. [gallery...

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана...

Сиљановска-Давкова оствари средба со црногорскиот претседател Милатовиќ

Сиљановска-Давкова оствари средба со црногорскиот претседател Милатовиќ

Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора,...