Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер

20 мај 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи, при што беше оценето дека двете држави негуваат пријателски и партнерски односи, преку нивен развој во повеќе сфери од заемен интерес и во таа насока претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата подготвеност за време на нејзиниот мандат да придонесе за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија. Таа посочи на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската Комисија.

Aмбасадорот Памер упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена полумесечина и членка на Советот на претседателот на Република Турција, придружувана од претседателката на македонскиот Црвен крст, Лилјана Ристевска. [gallery...

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос. Таа, третирајќи ја Грција како важен...

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште...

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија, во Македонскиот народен театар во Скопје. Во обраќањето, таа ги потсети возрасните на...