Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

13 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер.

Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија.

Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот.

Таа потенцираше дека Австрија е не само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес.

Претседателката го реафирмираше ставот дека интеграциите мора да се базираат исклучиво на Копенхашките критериуми и на заслугите и дека билатералните прашања не треба да бидат инструмент за блокада на овој процес.

Сите австриски амбасадори отворено го поддржаа македонскиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција. Тие го делат ставот на Претседателката дека регионалната соработка и пристап се клучни за европските интеграции.

Воедно, се согласија дека во актуелниот геополитички контекст, проширувањето на ЕУ претставува безбедносен императив. Повикаа на почитување на владеење на правото, меѓународните договори и меритократијата.

Соговорниците изразија подготвеност за натамошно продлабочување на македонско-австриските односи и за заедничка европска иднина.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. [gallery...

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...