Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

28 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.

Почитуван г.г. Стефан,

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа.

Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните. Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Гордана Сиљановска Давкова

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Претседателката Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Во духот на обновената традиција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, придружувана од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник...

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 14-годишнината од неговата смрт

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 14-годишнината од неговата смрт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 14-годишнината од неговата смрт. [gallery...

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Новата 2026 година

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Новата 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Новата 2026 година донесе одлука за помилување на 10 осудени лица, кои делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор. Осудените лица добија намалување на затворските казни од 4 месеци до 2...

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното...