Честитка од претседателката Сиљановска – Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

24 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Почитувани,

Ми претставува особено задоволство на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ.

Искрено посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина.

Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Тој нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој.

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината.

Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани!

Честит Божиќ!

Гордана Сиљановска – Давкова

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков. Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова. На средбата беше потврдено пријателството меѓу двете земји, коишто од 1994 година континуирано ги унапредуваат...

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур. Почитуван г. Пепо Леви, Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници...

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, го прогласи за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја врачи наградата „Златна камера 300“ на годинашниот лауреат, данскиот кинематографер, Дан...

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Во Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средби со граѓани кои пројавиле интерес директно да споделат со неа и со Кабинетот лични проблеми, но и успеси, да изразат критички поглед кон определени појави, институции и...