На 27 ноември 2026 година (петок), во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
Претставниците на медиумите, коишто се заинтересирани да го проследат настанот, е потребно да се акредитираат со пополнување на формуларот во прилог. Пополнетиот формулар, заедно со копија од лична карта или пасош е потребно да се испрати најдоцна до 23:59 часот, на 23 ноември 2026 година, понеделник, на [email protected]
Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста. Покрај нашата држава, во Процесот Брдо-Бриони учествуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.





