Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

13 септември 2025 | Соопштенија

Во посета на Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга Стојаноска“ од с. Долно Соње.

Гостите со голем интерес ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме, којашто традиционално се одржува секој втор петок во месецот од страна на Баталјонот за почести при македонската армија. Настанот е свечен чин на изразување почит кон македонското знаме, како еден од најважните државни симболи.

Учениците изразија голем интерес за претседателската функција и нејзиното извршување.

Со искреност и неочекувана зрелост, тие поставија сериозни прашања, небаре возрасни: зошто со децении сме имале само мажи на претседателската функција, дали ќе помогнам во обединувањето, дали ме сакале и дали ми недостигаат студентите, дали сум била одлична ученичка…

Но, сакаа да ,,ѕирнат” и во личниот свет на претседателката : нејзиното хоби, омилена книга, филм, љубов кон животните.

Претседателката им раскажа за новото милениче, македонското овчарско куче Караман, што неодамна стана дел од нејзиното семејство и им покажа негова фотографија.

Таа ги охрабри да учат, да читаат, да веруваат во силата на знаењето, доброто и љубовта, да крититикуваат, но да не навредуваат, да го почитуваат другиот и поинаквиот!

Децата ѝ подарија уникатни, рачно изработени подароци и ја поканија да ги посети нивните училишта.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...