Средба на Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

7 мај 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава.

Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото, како темелни вредности.

Според претседателката, Новиот демократски пакт за Европа претставува важен чекор кон обновување на довербата во институциите и зајакнување на демократската отпорност, во услови на длабоки политички, безбедносни и технолошки промени.

Сиљановска-Давкова посочи дека развојот на дигиталните технологии и вештачката интелигенција отвора нови предизвици поврзани со заштитата на човековите права, приватноста и демократските вредности. Од овие причини, го поздрави потпишувањето на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото, со што државата се вброи меѓу првите земји потписнички.

За неа, одлуката за затворање на постмониторинг дијалогот со земјава е значајно институционално признание за напредокот во реформите врзани за владеењето на правото, независноста на правосудството и борбата против корупцијата.

Македонската претседателка, која има тридецениско искуство во телата на Советот на Европа, потсети дека државата активно ги спроведува европските реформи и останува меѓу најусогласените кандидати со acquis communautaire и предупреди дека билатерализацијата на пристапниот процес го поткопува концептот на проширување заснован врз Копенхашките критериуми.

Исто така, таа укажа на неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур од страна на одделни земји-членки, нагласувајќи дека прашањата поврзани со правото на здружување, идентитет и самоопределување не се билатерални, туку европски прашања што се однесуваат на основните права и слободи гарантирани со Европската конвенција за човекови права.

Генералниот секретар Берсе посочи дека фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување можат да создадат негативни политички тенденции и нагласи дека е неопходна нова динамика, особено во регионот на Западен Балкан.

Осврнувајќи се на Европскиот суд за човекови права, Берсе истакна дека Советот на Европа работи на механизми за поефикасна и побрза имплементација на судските пресуди за да се обезбеди нивно суштинско, а не симболично спроведување.

Обајцата изразија подготвеност за интензивирање на соработката, во пресрет на македонското претседавање со Комитетот на министрите на Советот на Европа во периодот 2027–2028 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....