Сиљановска-Давкова прими претставници на американската невладина организација „Data Foundation“

16 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на американската невладина тинк-тенк организација Data Foundation, предводени од нејзиниот претседател Џејсон Барнет.

Претставувајќи ја Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци, гостите ја информираа за глобалната иницијатива за поддршка на малите и средни претпријатија на Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема соработка во оваа област. Според нив, преку интероперабилната платформа на податоци, истите ќе можат да следат и споделуваат податоци за потрошувачката на енергија, водата, емисиите на јаглерод, согласно европските регулативи.

Тие ја информираа дека потпишале Меморандум за соработка со Владата преку Министерството за енергетика, посочувајќи дека проектот е директно поврзан со исполнување на обврските од поглавјето „Животна средина и климатски промени“.

Претседателката ја поддржа иницијативата и изрази став дека регионалниот пристап и соработка овозможуваат подобри резултати во заштита на животната средина.

На денешната средба присуствуваа и претставници на македонскиот бизнис сектор, локални координатори во Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци и универзитетскиот професор Илија Руменов, водечки правен експерт во Алијансата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со...

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Треба да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на европеизацијата, да се самоевропеизираме Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени...

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на...