Претседателката Сиљановска Давкова го прими директорот на Европската организација за јавно право, Спиридон Флогаитис

4 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на Европската организација за јавно право, Спиридон Флогаитис.

На средбата, претседателката беше запознаена со целите, функционирањето и активностите на организацијата, која досега има организирано, промовирано и поддржано повеќе од 200 образовни обуки и истражувачки проекти и има обезбедено поддршка за градење на демократските капацитети на институциите во повеќе од 70 земји.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави истражувачките активности на Европската организација за јавно право во насока на промоција на владеење на правото, човековите права и европските демократски вредности како и анализите на правните системи со цел изнаоѓањето на креативни решенија за нивно подобрување.

На средбата беа разгледани можностите и начините за воспоставување на соработка на Европската организација за јавно право со македонските институции.

Европската организација за јавно право е меѓународна организација посветена на создавање и афирмација на знаењето во областа на јавното право и управување, основана во Атина во 2007 година, како продолжение на Европскиот центар за јавно право.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...