Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

12 ноември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, на кој говореше за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Во своето излагање, претседателката истакна дека Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување, оценувајќи дека токму во оваа способност се наоѓа и еден од клучевите на европската конкурентност.

Конкурентноста денес, посочи Сиљановска-Давкова, не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Поврзаноста, нагласи таа, не е само географско прашање, туку економска неопходност, безбедносен императив и политичка одлука.

Говорејќи за Западниот Балкан, претседателката нагласи дека регионот не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опиша како „систем на поврзани садови“, во кој случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето, според Сиљановска-Давкова, не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал.

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“, истакна претседателката.

Во фокусот на нејзиното излагање беше и енергетската безбедност, при што таа оцени дека неодамнешните кризи покажаа оти економската зависност може, во одредени околности, да прерасне во стратешка ранливост. Затоа, енергетската безбедност, според неа, не треба да се сфати само како сигурност на снабдувањето, туку и како диверзификација на изворите и правците, меѓусебна поврзаност на системите, технолошки капацитет и способност за носење суверени одлуки.

Зелената транзиција, истакна Сиљановска-Давкова, не треба да се поставува како избор меѓу одржливоста и конкурентноста, туку како можност одржливоста да стане извор на технолошки иновации, индустриска обнова и економска отпорност, при што иновацијата добива значење на стратешки капацитет, а не само на економски инструмент.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.   Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока...