Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

29 јуни 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на ООН ќе се одржи во Севиља.

Вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го приредува Кралот на Шпанија, Фелипе VI и Кралицата Летиција.

Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор.

На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.

Во рамки на посетата, предвидено е претседателката да оствари билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина....

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Обете уште еднаш потврдија дека двете земји, како долгогодишни сојузници,...

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан. Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 -...

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...