По повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, претседателот Стево Пендаровски ја испрати следната порака:
Милионите жртви, неправди и ужасот од холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски општества во кои антисемитизмот, антициганизмот и расизмот никогаш нема да се повторат.
Само со постојана борба против сите облици на дискриминација можеме да обезбедиме почитување на различностите и на човековите права и слободи на секој поединец.