Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

2 август 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствуваше на панихидата во храмот „Св. Никола“.

Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во Скопје, како и пред спомениците на АСНОМ и на првиот претседател на Президиумот, Методија Андонов – Ченто.

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

Вчеравечер, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на церемонијата на отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, којашто се одржа на месноста Гумење. На настанот беше прочитан Крушевскиот манифест и беа импровизирани традиционалниот напад на градот и пукањето од црешовото топче.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Драги сограѓани, Илинден е сржта на македонската историја, Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на македонската државност, Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост!...

Одговори на новинарски прашања по втората седница на Советот за безбедност

Одговори на новинарски прашања по втората седница на Советот за безбедност

Прашање: Прашање за пожарите-Дали освен овие закони за надгледување и промена на законот за закана од потпалување, дали ќе се менува евентуално и закон за опожарено земјиште, поточно што ќе може со тоа земјиште потоа да се прави, оти веќе има индиции дека на тоа...

Одржана втората седница на Советот за безбедност

Одржана втората седница на Советот за безбедност

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа втората седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието,...

Средба на Сиљановска-Давкова со Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска

Средба на Сиљановска-Давкова со Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување...

Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението ЕСТИМА

Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението ЕСТИМА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Ана Крстиновска, извршна директорка на истражувачката организација ЕСТИМА, како и проектните менаџери Александра Спасовска и Златко Симоновски. Истакнувајќи дека...