Изјава за медиумите и одговори на новинарски прашања по Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

5 мај 2025 | Интервјуа

Претседателката Сиљановска-Давкова: За мене е еден од најубавите денови годинава, би сакала и целата година да биде во духот на македонскиот јазик. Еве ќе кажам зошто, бидејќи има важни настани врзани за македонскиот јазик коишто се слават годинава. Еден од нив е нели 100 години од грчко-македонскиот абецедар. Можете да го купите во Матица , па да проверите дали се работи за македонски јазик. Секој граѓанин тоа може лесно да го потврди. Се разбира, сиот респект кон сите јазици. Секој јазик е основата и основното обележје на идентитетот на секој народ, така и на македонскиот. Без него, не постои идентитет, без него не постои народ. Она што го истакнав јас, не е само моја забелешка, туку и на најпознатите лингвисти, дека тоа е иронијата понекогаш. Оној којшто можеби првиот печат го дал на јазикот, многу векови порано, да дојде до кодификација најдоцна. Чувте од експертите зошто!

Се надевам дека и ова одбележување, исто така, ќе даде мотив за меѓусебна почит, бидејќи јазикот е нешто за што не се преговара. Тоа е не е само од историјата и културата, туку е дел од идентитетот.

Восхитена сум од работата на институциите што се бават со македонскиот јазик, на МАНУ. Наградата вчера дојде во прави раце. Јас сум го видела дијалектниот атлас, неверојатно богатство на дијалекти. Не се дијалектите вградени само во македонската држава сегашна, туку се разбира и во регионот и надвор од официјалната држава.

Јас укажав и на опасностите и од надвор и од внатре, но мислам дека има и човечки потенцијал и свест, ресурси и волја навистина да се работи на овој план заедно со многуте лингвисти, слависти и македонисти ширум светот.

Новинарско прашање: Ваш коментар околу најавите, заканите како да ги кажеме дека ДУИ, Ахмети, би излегле на улица ако се осуди Бектеши. Според вас дали е дозволиво ваков притисок врз судството ?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Јас за разлика од г-нот Ахмети ќе ги мерам зборовите, не сакам да се мешам во судската власт, меѓутоа, знаете што. Сите, па и г-нот Ахмети дури и многупати се повикувале на независноста на судската власт. Меѓутоа, ваквиот говор всушност е притисок врз судската власт. Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост или не знам, не сакам да речам момент на искресност, но верувам дека 30 години потоа, а особено и ДУИ 20 години потоа во власта, ние треба да го почитуваме начелото на поделба на власта и партиите треба да се држат на страна. Многупати сум рекла дека честопати за нас велат дека не може да се направи разлика меѓу тенката линија, каде завршуваат партиите, а каде почнуваат државните институции. Државите во коишто партиите некогаш се претставуваат како да се државни институции, а не се, се нарекува партитократија. Тоа не е демократски модел. Г-нот Ахмети многупати повикувал на ветинг, ветингот е во функција  на квалитетно вршење на функциите вклучувајќи го и судот. Се надевам дека ова беше, реков, само една изјава дека г-нот Ахмети, па и ДУИ,  кои долги години, две децении биле во власта, научиле дека треба да се почитуваат институциите и дека Судот е тој кој што ќе пресуди, дали некој згрешил или не, не зборуваме ние само за еден човек кој што се нашол во судот. Се разбира, презумцијата на невиност важи за сите, па и за г-нот Бектеши.

Новинарско прашање: Претседателке, потребни ли се предвремени избори ако Таравари излезе од Владата?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Апсолутно не, не ми е јасно зошто ние, јас мислам дека оние кои што се повикуваат на предвремени избори, беа најголемите противници на предвремените избори, кога за нив имаше причина. Нема да зборувам како претседателка, еве како професорка. Ние велиме дека предвремени избори треба да има тогаш кога се парализирани институциите, не можат да функционираат, кога мнозинството на власта е на границата на потребните 61, далеку е од тоа. Впрочем помина неполна една година, мислам дека да, имаме проблеми, дел од нив наследени, дел од нив нови, меѓутоа, јас мислам дека институциите се справуваат со сите овие проблеми. Значи, да, ќе имаме редовни локални избори. Локалните избори го отсликуваат  расположението на граѓаните, понекогаш се лакмус, за тестирање на  на успешноста на власта, но, апсолутно нема потреба од парламентарни избори.

Новинарско прашање: Претседателке, дали сте го прочитале пријателскиот совет  на Венецијанската комисија за Законот за јазици, односно албанскиот јазик кој што беше во Уставниот суд. Мислам дека во средина на март, кога се случи трагедијата во Кочани тогаш беше пристигнат.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Ако мислите на, сега ќе ви кажам, претпоставувам дека мислите на, она што ние во правото го нарекуваме аmicus curiae –  пријателско мислење што е испратено до Уставниот суд. Не, тоа мислење не сум го прочитала. Јас мислам дека не е ни објавено. Но, сум го прочитала мнението на Венецијанската комисија  за Законот за употреба на јазиците, мислам дека дури и сум дебатирала за него на Тв 21, го знам тоа мислење. Верувам дека Венецијанската комисија нема да излезе надвор од тоа мислење, но се разбира, мислам дека ќе има свој претставник овде, кога ќе се расправа за Законот за употреба на јазиците. Не смееме однапред да предвидуваме како ќе одлучи Уставниот суд. Од кои причини? Па, од истите, како и за редовното судство. Уставниот суд не е дел од редовното судство, ние го нарекуваме четврта власт, но, може да има клучна улога во демократските процеси. Зошто? За да биде органот кој што ќе гледа дали спрегите и кочниците меѓу другите власти функционираат како што треба, бидејќи тој одлучува за судир на надлежности, и исто така ќе ги оценува законите и другите општи акти.  Мислам дека и него, како и редовното судство, треба да го оставиме на мир. Затоа, не радо давам изјави. Мислам дека во овој состав на Уставниот суд, има четворица доктори на науки, тројца професори, дека е еден состав кој што умее да измери. Мислам дека однапред не смееме да носиме заклучоци.  Се разбира, Уставниот суд до што ќе се држи. Ќе се држи до Уставот, но исто така ќе се држи и до компаративната европска практика. Инаку , морам да кажам дека не постои во Европа, а Acquis communautaire-от не се однесува на јазичната политика, бидејќи не постојат такви правила, различни односи на државите кон почитувањето на нормите, но два документи тука се клучни. Значи, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинставата и Конвенцијата за регионални и малцински јазици. Се разбира дека Уставниот суд ќе се држи и до другите мислења на Венецијанската комисија. Го поттикнувам, и добро е што ќе има јавна расправа на која што ќе може не само подносителите туку и критичарите да ги кажат своите ставови. Очекувам навистина овој Уставен суд да ги има во предвид сите прашања. Се разбира и политичкото нема да го заборават.

Новинарско прашање: Најавите на Уставниот Суд дека за одлуката за јазикот ќе се произнесе по изборите, некои партии го толкуваат како кокетирање меѓу политиката и Уставниот Суд.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Обратно, јас го гледам обратно, ако добро го разбрав тој баш сака да го избегне, да ја избегне опасноста од политизација на прашањето што ќе се случи, редовно се случува пред сите избори, впрочем ка јнас и многу тешко е да определите за какви избори се работи, мислам дека затоа сака да ги остави локалните избори да протечат на мир, а потоа значи во политички манир, нема пострасен момент од изборите, а по завршувањето да можат тие на мир да решат. Не е непознато да има расправа, а потоа да се носи одлука. Јас мислам дека ќе ги мерат сите критериуми, па и најспецифичните.

Новинарско прашање: Претседателке, не гледаме некаква активност на Безбедносниот совет после трагедијата во Кочани. После тоа имавме и многу други убиства.

Претседателката Сиљановска-Давкова:  Вашето прашање ме потсетува, да јас добив прашања од телевизија „АЛСАТ“, им се заблагодарив на прашањето, ги читам со внимание, па мојот одговор е дека во моментов нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Мислам дека ви објаснив, ама еве и за другите зошто. Би имало потреба за свикување ако треба ние во Советот за безбедност да извршиме притисок врз надлежните органи да се справуваат со проблемите. Меѓутоа, мислам дека почнувајќи од Министерството за внатрешни работи, па завршувајќи со Јавното обвинителство, ние сме сведоци на процесуирање  и за решавање на проблемите, зборам за внатрешната димензија, за регионалната и надворешната димензија, ние сме секогаш координирани, се разбира со НАТО, нашите стретешки партнери и тие не гледаат дека во регионот постои сериозна безбедносна закана. Доколку се сменат нештата, се разбира дека јас ќе го свикам.

Мислам дека треба ние во овој момент да создаваме една атмосфера на мир, особено го мислам за Јавното обвинителство.  Честопати го слушам прашањето, до вчера баравте смена на првиот човек на Јавното обвинителство, ама сега не. Мислам дека политички одговорно. Замислете ако ние после трагедија што цел живот ќе ја носиме, трагедија за која ни треба толералнција и единство за да се справите, сега да продолжите со барањето за оставка на јавниот обвинител. Тогаш само ќе се комплицираат работите. Треба да се остави сега да работи. Јас како што гледам сега постапува. Јас сум имала критички забелешки и не се откажувам од нив. Но, мислам дека најважно тој да си ја врши својата функција и надлежност. Зошто? За да можеме да се справиме со проблемот кој што нè засега, трагедијата нè засега сите. Дури трае процесуирањето на одговорните треба да внимаваме.

Новинарско прашање: Како ја коментирате анализата на Шведска дека проширувањето ќе го промени соодносот на силите во Европската унија?

Претседателката Сиљановска-Давкова:  Се разбира, но знаете што. Јас одговорно тврдам дека приемот на Западен Балкан секогаш сте забележале зборувам дека не е лошо сите да влеземе заедно ако сакаме да има мир, и секој што е понапред да го брани оној зад него. Ние со ништо не би го пореметиле. Сите истражувања, анализа покажуваат дека ние не сме товар за апсорпциониот капацитет за ЕУ. Дури и сите заедно. Држава како Украина, а на неа ако ја додадеме ЕУ, тогаш односот на силите, говориме за процесот на одлучување, бидејќи во Европскиот парламент се тргнува од бројот на жителите на државите, може да го смени. Освен тоа, јасно ни е дека тука една држава којашто е во војна и со такви големи губитоци, сигурно е дека би го пореметила. На друго сега веројатно мислат Швеѓаните, милат на она на што укажа г-нот Макрон. Дека прво треба да се решат проблемите внатре во Унијата, домашните проблеми, пред да се отвори вратата и за дрги. Претпоставуам повеќе пратите од мене, тоа е и логиката и на новиот канцелар во Германија дека прво треба видиме ние каде сме, како стоиме, каде одиме, пред да ги отвориме вратите за другите. Но заклучокот уште еднаш Западен Балкан, а особено државите коишто се најблиску воопшто не се оптеретување на ЕУ и многу логично е најбилиските и оние со најдолг стаж на преговори, да бидат најподготвени. Да ги потсетам тие во ЕУ, јас не знам колку позитивни извештаи дадоа. Парадоксално е, не за нас, туку за нив, Европскиот парлемент и од Комисијата да добиете 16 препораки за почеток на преговори, а сега да ви велат дека е се отворени. Значи ние и во поглед на долгите искуства, не мислам само на нас, туку и на Црна Гора и на Србија, значи ние особено во процесот на хармонизацијата имаме изодено долг пат и мислам дека воопшто нема да ги комплицираме работите. А, Шведска треба да знае исто така дека кога влезе во НАТО, исто така можеше членки на НАТО да измислат некои причини, или да најдат причини. Но, не никој не го проблематизираше влегувањето. Зошто како рече г-нот Макрон, тоа е суверено право и наше суверено право да влеземе политички таму каде што сме биле секогаш географски, историски и културно. Благодарам .

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот

Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген...

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, што денеска и утре се одржува во главниот град на Република Казахстан на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. [gallery...

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и...

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан каде што утре, 28 мај, среда, ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Во четврток, 29 мај,...

Средба на Сиљановска-Давкова со италијанскиот претседател Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања

Средба на Сиљановска-Давкова со италијанскиот претседател Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, на која беше истакнато дека Италија е наш важен политички и економски партнер. Соговорниците разговараа за...