Сиљановска-Давкова одговараше на новинарски прашања пред почетокот на НАТО Самитот во Хаг

25 јуни 2025 | Интервјуа

Пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во Хаг, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговори на новинарски прашања.

Прашање: Претседателке како помина вечерата?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Вечерата помина сосема во ред. Друштвото беше умно, интересно. Разговаравме за сериозни прашања, најпрво за мирот и се разбира единството, кое е толку потребно за да дојдеме до конечен, како што велам јас кантов lasting peace.

Прашање: Ќе има ли единство, Самитот го карактеризираат како историски?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Се разбира јас не можам однапред да предвидам, меѓутоа она што го видов вчера, гарантира, се разбира низ дебата, да дојдеме до единство.

Прашање: Како го коментирате усвојувањето на извештајот во Европскиот парламент? Треба да се усвои на пленарна седница, но вчера помина извештајот на Вајц. Оние амандмани што беа поднесени од бугарски европратеници не се сега дел од него, но тие најавуваат нови и ставање на епитет „модерен“ пред македонски јазик?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Најпрво, како професорка не знам што значи модерен. Не постојат предмодерни, модерни, постмодерни нации и јазици. Сите нации настанале во втората половина на 18-от век и во 19-от век, па и нашата. Навистина бев изненадена од профилот, или од карактерот на поднесените амандмани, бидејќи да поднесувате амандмани врзани за идентитетските прашања, а тие се ад акта за разговор, бидејќи и договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор и Повелбата за фундаментални права гарантираат почитување на националниот и на културниот идентитет, на јазичната различност, исто така. Значи за тие прашања не се разговара. Очекував, јас веќе кажав, да се случи она што се случи. Јас очекувам разбирање од нашите први соседи, навистина пријателски однос и мислам дека ќе дојде до тоа.

Прашање: Нема разбирање за средба меѓу двете делегации?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Во ред, вие велите делегации, но јас имав пријатен, протоколарен, пријателски разговор со бугарскиот премиер вчера, пред вечерата.

Прашање: Што разговаравте?

Претседателката Сиљановска-Давкова: За нужноста од меѓусебно разбирање, без посредување, за потребата да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народa, за потребата да помагаме, за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон Европската Унија. Јас ги бирам зборовите, верувам во потребата од пријателство. Верувам дека тоа ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно.

Ви благодарам.

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...