Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со словенечката претседателка, Пирц Мусар и хрватскиот претседател, Милановиќ

27 ноември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова:

Најпрво, уште еднаш сакам да им се заблагодарам на претседателката Наташа Пирц Мусар и на претседателот Зоран Милановиќ за укажаната доверба да бидам домаќинка односно да бидеме домаќини на состанокот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони. Уште една благодарност до обајцата за иницијативата Брдо-Бриони оти Словенија и Хрватска можеше да речат дека стигнале во Брисел и може да нѐ охрабрат на нашиот пат кон Брисел. Не го сторија тоа, туку понудија заедно да патуваме, да бидат нашиот глас, да нѐ поддржуваат, научените лекции да ни ги презентираат и јас никогаш нема да го заборавам ова. Не само јас, мислам дека сите ние им должиме почит.

Исто така, сакам да кажам дека Црна Гора, како што реков јас, денеска е пред портите на Брисел и Албанија бележат напредок. Напредокот го сметам за важен, бидејќи по 2013 година речиси немаше отворена порта за нас, ова значи исчекор и мислам дека нивното напредување е и наше напредување. Исто така, уште еднаш сакам да го потенцирам фактот дека нешто се менува и во Европската унија во однос на Западниот Балкан.

Многупати сум рекла дека од 2003 година, односно од Солунскиот самит, не гледав јасна стратегија, ниту чекори за нашето напредување, меѓутоа во моментот кога ја имаме пред себе комуникацијата на Европската Комисија за проширувањето, гледаме голем исчекор. Не мислам да повторувам за постепеното членство, не го сметам за замена за полноправното членство, меѓутоа има чекори кои навистина се инспиративни. Низ македонска призма или од македонски агол, да, ние имаме сериозен проблем со билатералните прашања и тоа со билатерални прашања што не се поврзани со Копенхашките критериуми, коишто значи се однесуваат на нешта што не значат европеизација, туку напротив, не се во согласност со принципите и вредностите утврдени во Европските конститутивни акти.

За самата денешна средба, за самиот процес Брдо-Бриони, една од најдобрите иницијативи, една од најинспиративните иницијативи, една од иницијативите што говорат за важноста на тоа да се сослуша соседот, да се обидете да го разберете, па и да го поддржите. Зошто? Бидејќи географијата сакала да живееме едни до други и регионалниот напредок е многу важен, не само за регионот, тука и за самата Европска Унија. Нема да должам со нашиот проблем, познат ви е на сите, се разбира, ние сме спремни да разговараме со аргументи така како што денеска разговаравме, но сите заклучивме денеска дека се работеше за, јас така ја нареков, Артурова маса на којашто немаше мажи Ланселоти и жени профил на Гвиневир, туку замислете, пет жени и пет мажи, тоа беше вистинска инспирација за разбирање на другиот и, се разбира, енергијата набрзо дојде до израз. Кога велам дека го сметам за исклучително важен денешниот состанок во рамките на Брдо-Бриони, мислам на следниве нешта.

Прво, само ќе повторам, проширувањето не е само прашање на проширување, ларпурлартистички кажано, туку е безбедностен императив и нам ни е јасно, а мислам дека и на Европската унија, дека ако стане, ако сака да биде фактор на глобалната комплицирана политичка сцена, мора да сфати дека треба да биде и геополитичка унија, односно дека без така наречениот Западен Балкан, ќе остави геополитички вакуум, а во политиката никогаш не постои вакуум. Второ, дека мораме да си помогнеме преку воспоставување на врски, транспортни, енергетски, дигитални, тие се важните коридори за нас, бидејќи тогаш сме ние посилни и на крајот, мојот предлог беше дека наместо иднината да им ја оставаме на младите, треба да ги вклучиме во решавањето на проблемите, дека тие можат да донесат нова енергија во рамките на Брдо-Бриони процесот. Повторно, подобро е во регионот да ги решаваме овие прашања и затоа мислам дека едно од моите најголеми задоволства беше денеска  тоа што овој мој предлог, оваа моја идеја наиде на разбирање.

Гласот на младите, се разбира, е глас којшто на поинаков начин ќе ги реши проблемите и ќе отвори простор за нова енергија и нови видувања. Само на крајот, не знам колку сте запознаени, меѓутоа ние решивме денеска да им подариме на нашите соседи, на нашите пријатели, традиционална македонска резба во дрво со фениксот, митската птица, можеби сум наивна или тие од мојот тим, но верувавме дека асоцијацијата може да биде дека има шанси за овој регион, дека овој регион бил не само географски, туку и историски, културно, секогаш дел од Европа и дека допрва може да придонесе за квалитетот на Европската Унија и се разбира, реков дека јас не верувам во мотото in vino veritas, меѓутоа дека автохтоната македонска винова лоза или подарок од садница Станушина е потсетник дека секогаш ние на Европската Унија можевме, ама и можеме да ѝ подариме или да додадеме вредност врзана за културата, за етничкото и за верското богатство, бидејќи тоа во рамките на европскиот мозаик или филигран има посебно значење. Значи бевме толерантни денеска, се слушавме, се надополнувавме, се обидовме да се разбереме и кога изразувавме различни ставови, а мислам дека е тоа најважното.

Благодарам.

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ

Средба на Сиљановска-Давкова со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ и членовите Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ....

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со претседателката на Република Косово, Јустина Широка-Пула. Сиљановска-Давкова истакна дека...

Средба на Сиљановска-Давкова со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија

Средба на Сиљановска-Давкова со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија. Најнапред, таа му ја...

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ....

Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската јуниорска и сениорска кикбокс репрезентација, кои на Светското јуниорско кикбокс првенство во Италија освоија три златни и два бронзени медали, како и еден златен, два сребрени и...