Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

24 април 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп кој, за прв пат е во посета на нашата земја по преземањето на функцијата во декември минатата година.

Говорејќи за улогата на ОБСЕ како организација чија основна улога е да превенира внатрешни, но и регионални немири и конфликти, високиот комесар изрази подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку има интерес и барање од страна на македонските институции.

Изразувајќи благодарност за досегашната соработка, Сиљановска-Давкова се согласи дека ОБСЕ може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и на западно-балканскиот евро-интегративен пат преку унапредување на заштитата на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата.

Високиот комесар понуди експертиза на постојната национална регулатива за заштита на малцинските права, како и на нејзината имплементација. Тој ја потенцираше важноста на инклузивниот процес на одлучување на сите нивоа во кој секој припадник на било кое малцинство ќе има шанса да учествува.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна усогласеноста на нашата легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцински права, но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства, со оглед на нивната ранливост.

Обајцата ја истакнаа важноста на добрососедските и пријателски односи, чиј важен фактор е почитувањето на малцинските права.

Претседателката ја реафирмира идејата за изработка на компаративна регионална студија за гарантирањето и почитувањето на малцинските права во балканските држави, вклучувајќи ја и нашата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....