Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

18 април 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на победничката екипа на Седмиот национален натпревар „First Lego League Challenge“.

Победничкиот тим “The NOOBS – New Original Operational Best Students” го сочинуваа: Петар Копачев, Синиша Шиповиќ, Бодан Николов, Тео Ваљак Трпчевски, Ноа Петковски, Бисера Стојановска, Ален Атанасов, Иван Скалов, Ведран Анастасовски. Во нивна придружба беа Васка Мадиќ и Гордан Анастасов како претставници на Академијата за роботика и иновации.

Честитајќи им ја маестралната победа и директниот пласман на светското првенство во САД – Florida Sunshine Invitational 2025, претседателката изрази особено задоволство што ќе се дружи со толку млади, а толку умни деца.

Децата го презентираа своето иновативно победничко решение – мултифункционален робот којшто надграден, може да извршува важни мисии: да ги чисти океаните или да ги храни китовите. Тие ја информираа дека изработиле и подморница од титаниум со посебни акрилни светла за истражување на океаните.

Импресионирана од изумот, но и од страста и занесот со којшто ја објаснуваа неговата функција, претседателката истакна дека: „Кога нешто се работи со љубов, кога е плод на знаење, ум, труд и посветеност, а особено на тимска работа и взаемна почит, успехот е неизбежен.“ Таа потенцираше дека ова признание има посебна тежина и значење со оглед на тоа што “First Lego League Challenge” е заштитен од УНЕСКО.

„Вие сте идните научници, математичари и инженери, вие сте носители на прогресот, весници на иднината“, рече претседателката.

Менторите од Академијата за роботика и иновации посочија дека при рангирањето на тимовите биле земени предвид и сплотеноста на децата и способноста за тимска работа.

Посакувајќи им успех на претстојниот натпревар во САД, што ќе се одржи од 24 до 28 јуни, претседателката изрази доверба и поддршка на нивната работа и укажа на потребата од вложување во талентирани деца како нив. Таа додаде дека нема подобра инвестиција од онаа во образованието и науката, а STEM областите се огромна можност младите да ги покажат и докажат своите способности и својот талент, а својата имагинација да ја преточат во импресивни дела.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...