Претседателката Сиљановска Давкова го прими финскиот амбасадор, Никлас Линдквист

16 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Финска, Никлас Линдквист.

На средбата беше истакнато дека двете земји во изминативе 30 години изградија силни партнерски односи и одржуваат активен политички дијалог, промовирајќи заеднички цели и стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет во регионот и пошироко.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска на македонските евроинтеграции и помошта во исполнување на европските критериуми, како и за успешната соработка преку твининг проектите.

На средбата со амбасадорот Линдквист, претседателката го реафирмираше ставот дека државните институции остануваат целосно посветени на неопходните реформи за членство во Европската Унија, во согласност со критериумите од Копенхаген и ја потенцираше потребата од дебилатерализација на процесот со цел да се превенираат идни можни злоупотреби на билатералните спорови на патот на земјите-кандидати кон ЕУ.

Во однос на меѓународната соработка претседателката истакна дека членството на Финска во НАТО претставува значаен чекор кон зајакнување на трансатлантската стабилност и безбедност за сите сојузници и воедно упати честитки за претстојното финско претседавање со ОБСЕ, изразувајќи  подготвеност за споделување на македонското искуство како дел од ОБСЕ – тројката. Во таа насока беше реафирмирана подготвеноста за продолжување на соработката во рамки на ОН и изразено очекување за поддршка на македонските кандидатури во меѓународните организации.

Соговорниците разменија мислења и за можностите за поттикнување на економската соработката, како и соработката во областа на образованието, иновациите и дигитализацијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...