Средба со македонската заедница во Полска

11 март 2026 | Соопштенија

За време на посетата на Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со припадници на македонската заедница што живеат таму.

Во Република Полска постои мала, но активна, угледна и добро интегрирана македонска дијаспора. Со големо задоволство во просториите на македонската амбасада во Варшава се сретнав со припадниците на нашата заедница, рече Сиљановска-Давкова.

Меѓу присутните беа доктори, професори, економисти, ИТ-инженери, бизнисмени, режисери, студенти и други професионалци кои со успех се реализираат во полското општество.

Во отворен и искрен разговор разменивме искуства за нивниот живот и работа во Полска, како и за можностите за уште посилно поврзување и соработка со татковината. Македонската дијаспора во Полска претставува жив мост меѓу двете пријателски држави. Тие го негуваат и го пренесуваат македонскиот дух, јазик, култура и традиции надвор од границите на нашата земја. Постојаниот и суштински контакт со дијаспората е од стратешко значење. Мојата поддршка за македонската заедница во Полска, како и за сите наши иселеници низ светот, е цврста и искрена, истакна претседателката по средбата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. [gallery...

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...