Претседателката Сиљановска-Давкова ги додели признанијата „Македонски квалитет“ за 2024 година

18 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во својство на покровителка денеска ги додели признанијата „Македонски квалитет“ за 2024 година на традиционалната манифестација во организација на Сојузот на стопанските комори на Македонија. Десет македонски компании добија признание за особени успеси и достигнувања во развојот на економијата, дома и во странство.

Годинава признанието го добија: Македонски семeјни винарии и Македонски дестилерии, Премиум Сејфти Солушн, Мај Принт, СЕРАФИМОВ ГРУП,  Ларес увоз-извоз ДООЕЛ Кавадарци, Капитал ACEET Менаџмент, Елена Лука Груп, Балетско студио – Ребис, Глобал Нет и Сектор Филм.

Претседателката им изрази посебна благодарност за докажаната способност не само да се справуваат со проблемите и кризите, туку и да напредуваат со воведување нови технологии.

Таа искажа потреба од поддршка и охрабрување од страна на државата во градењето македонски квалитет, препознатлив и ценет во светот. Исто така, претседателката ја поздрави и охрабри улога на Сојузот на стопанските комори во развојот на малите и средни претпријатија.

На крајот, таа им порача: „Продолжете да го движите македонското стопанство, борете се за највисоки стандарди и квалитет, но никогаш не заборавајте ја етиката, грижата за вработените и корпоративната одговорност. Силната и компетитивна економија е претпоставка за функционална држава, како и за развој на културата, уметноста, образованието, науката и спортот, таа е гаранција за општествениот просперитет. Во вас препознавам носители и промотори на македонската економска дипломатија и промотори на автентичниот македонски квалитет“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Почитувани членови на Сојузот на стопански комори,
Почитувани добитници на Признанието за македонски квалитет,
Почитувани гости,
Дами и господа,

Би сакала да го изразам своето задоволство што ја продолжувам практиката на моите претходници како претседателка да бидам дел од доделувањето на Признаниетo за македонски квалитет. Сигурна сум, односно несомнено е дека станува збор за значајна манифестација која ја потенцира улогата на македонските компании, како двигатели на нашата економија, но и како нејзини амбасадори во светот. Признанието кое традиционално се доделува на крајот на секоја година на десет македонски стопански субјекти, во изминатата деценија инаугурираше стотици наши компании кои се стожер на македонската економија и кои бележат извонредни резултати, не само дома, туку и надвор, односно во странство.

Освен придонесот за буџетот, вработувањата, развојните инвестиции, морам да го подвлечам фактот дека голем број од добитниците се општествено одговорни компании кои суштински ѝ помагаат и ги следат потребите на заедницата. Во овој сегмент сè уште заостануваме зад богатите и развиените држави, но сè позначајна е поддршката преку корпоративната одговорност на бројни иницијативи, проекти, индивидуалци, при што фокусот често е на најранливите категории. Затоа особено сме им благодарни на сите што помагаат и несебично го споделуваат својот профит придонесувајќи за добросостојбата на нашите граѓани.

Македонското стопанство преживеа тешки мигови, особено за време на пандемијата со КОВИД-19. Следуваа и глобалната економска и финансиска криза, а тековните воени судири и глобалните геополитички позиционирања, по мене, дополнително внесуваат неизвесност и ги усложнуваат условите за бизнис. Актуелно е справувањето со инфлацијата и борбата за зачувување на животниот стандард и, секако, тоа е тешко остварливо и покрај сите политики и мерки, без поддршката од стопанството.

Не можам, а да не истакнам дека и покрај сите кризи и проблеми, македонските компании покажаа, значи вие покажавте дека можете да се справите со предизвиците, да се развивате, да напредувате, па и да воведувате иновации и нови технологии. Затоа мора да им се оддаде признание за постигнувањата и, секако, треба да ги охрабриме и понатаму да бидат посветени на растот и развојот, како и на зачувувањето на квалитетот. И понатаму нека бидат синоним за македонски квалитет кој ќе биде препознаен и ценет во светот.

Почитувани,

Би сакала да ја искористам можноста на организаторот на денешниот настан, Сојузот на Стопански комори, да му упатам честитки за значајниот јубилеј, инаку и јас бев на чествувањето 20 години постоење, воедно поздравувајќи ги активностите со кои се поддржуваат стопанските субјекти — членки, коишто пред сѐ, се мали и средни претпријатија, најважните за ваква економија, и кои претставуваат суштински сегмент на македонската економија.

Понатаму, меѓу бројните ангажмани и активности на Сојузот, сакам да го споменам проектот поради кој денеска сме собрани, значи доделувањето на Признанието за македонски квалитет, убедена сум дека тој ќе биде инспирација и мотивација за сите македонски компании.

Уште еднаш сакам да испратам порака до сите членки на Сојузот на стопански комори кои се од различни стопански гранки, производство, продажба, трговија, услужна и здравствена дејност.

Значи, продолжете и понатаму да бидете двигатели на македонското стопанство. Посакувам да бидете успешни, борете се за највисоките стандарди и квалитет, никогаш не заборавајте ја етиката, грижата за вработените, но и корпоративната одговорност. Со силна економија ќе имаме и силна држава, со силна економија ќе имаме повеќе можности за развој на културата и уметноста, на образованието, на науката, на спортот. Воопшто, повеќе можности за инвестиции, развој и напредок во сите сегменти на општественото живеење.

Последното, на крајот дозволете ми да им посакам, или да ви посакам вам, на сите стопански субјекти, во новата 2025 година да продолжите да бележите успеси и профит, да напредувате, да се развивате. Вашите успеси ќе значат и успех на државата, поразвиена економија и подобар животен стандард.

Уште еднаш, најискрени честитки и на сите десет добитници на Признанието за македонски квалитет. Ве молам продолжете и понатаму успешно да го промовирате македонскиот квалитет и да ја претставувате Македонија.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски одликувани со Орден „8 Септември“

Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски одликувани со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска, на Денот на македонската независност, ги одликуваше со Орден „8 Септември“ Јордан Плевнеш и Раде Силјан, и постхумно: Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Јордан...

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното...

Честитка од претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември – Денот на македонската независност

Честитка од претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември – Денот на македонската независност

Почитувани граѓани, Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден, зората во која вековниот сон за слободна и независна македонска држава конечно стана реалност. Со историскиот референдум од 8 септември 1991 година, ние, македонските граѓани, го заокруживме делото...

Сиљановска-Давкова прими талентирани ученици кои изминатата учебна година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари

Сиљановска-Давкова прими талентирани ученици кои изминатата учебна година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари

По повод 8 септември, Денот на македонската независност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се сретна со талентираните ученици од основните и средните училишта кои во изминатата учебна...

8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на платото на Вила Водно се одржа панел-дискусија, насловена како  „8 Септември низ призма на негови непосредни...