Претседателката Сиљановска Давкова го прими Мигел Анхел Моратинос, заменик генерален секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН

12 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Мигел Анхел Моратинос, заменик генерален секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН.

На средбата со Моратинос, кој е и поранешен шеф на шпанската дипломатија кој бил инволвиран во процесот на проширување беше изразена согласност дека процесот на македонската евроинтеграција треба да биде во рамки на критериумите од Копенхаген и основните документи на ЕУ, а не врз билатерални и историски прашања.

Соговорниците се согласија дека е крајно време македонските граѓани да станат дел од европското семејство и ЕУ да го интегрира Западниот Балкан во своите редови и со тоа ќе се стекне со посилна поддршка и засилено влијание во мултиполарниот свет.

На средбата се разговараше и за важноста од промовирање на меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог како алатка за спречување на конфликти и поттикнување социјална кохезија, при што претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи посветеноста на нашата држава кон мултилатерализмот, како и кон работата на Алијансата на цивилизациите, промовирајќи ја регионалната стабилност.

Соговорниците разменија мислења и информации за целите на Алијансата на цивилизациите преку спроведување на политики кои промовираат социјална кохезија и културна инклузивност, а вклучуваат образовни програми, културни размени за јавна дипломатија, насочени кон градење толеранција и почитување.

Претседателката Сиљановска Давкова го посочи потенцијалот на младинските форуми, програмите за размена и обука за лидерство како средство да се поттикне меѓукултурното почитување и разбирање, при што ја истакна улогата на дигиталната дипломатија.

Мигел Анхел Моратинос, заменикот генерален секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН престојува во нашата земја, по повод неговото учество на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на средбата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...