Учество на Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на Венецијанската комисија

10 октомври 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Венеција, Италијанска Република, по повод учеството на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа.

Предвидено е Сиљановска-Давкова на 11-ти октомври да се обрати на свеченото одбележување на годишнината, кадешто, покрај останатите високи гости, е најавено присуството на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела и претседателката на Република Молдавија, Маја Санду. На настанот ќе му претходи отворање на изложбата на тема „Демократија преку право: од Република Серенисима до Венецијанската комисија на Советот на Европа“.

Претседателката ќе оствари средби со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и со претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Марк Кулс.

Во рамки на посетата, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската заедница во Италија и ќе се обрати на приемот што по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе се одржи во Генералниот конзулат во Венеција.

Сиљановска-Давкова во периодот од 2008 до 2016 година беше македонски претставник во Венецијанската комисија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...