Официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ

6 мај 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре на 7 мај 2025 година, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ПРОГРАМА: среда, 7 мај 2025 година

• 10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
• 10:15 часот – Тет-а-тет средба
• 10:45 часот – Пленарен состанок на делегациите
• 11:20 часот – Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Милановиќ

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 09:00 часот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...