Проштална средба на претседателката Сиљановска Давкова со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

29 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на поддршката што Холандија ја дава за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и поддршката на реформската агенда.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека оваа поддршка е од витално значење за нашите тековни напори за зајакнување на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и унапредување на човековите права.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување дека Холандија ќе продолжи да биде гласен поддржувач на нашите стратешки цели.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јан Коп и му посака успех во идните ангажмани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО...

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата. Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското...

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори  и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. [gallery...

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат...

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во...