Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на младинската дискусија „Nextgen перспективи: Младинска (Ре)акција!“ во Охрид

13 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вчеравечер се обрати на младинската дискусија „Nextgen перспективи: Младинска (Ре)акција!“, што по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се одржа во Вила Билјана во Охрид.

Темата на настанот, во коорганизација на Националниот младински совет на Македонија и Кабинетот на претседателот, а со поддршка на Британската амбасада во Скопје, беа младинските перспективи и визиите на младите за лидер и лидерство.

За време на дискусијата беа споделени размислувања, идеи и визии на младите кои доаѓаат од граѓанските организации за состојбата со младите и младинското организирање кај нас.

Претседателката Сиљановска Давкова рече дека не може за младите да се одлучува без младите и како што нагласи, многу логично е во процесот на одлучување, кога одредено прашање се однесува на младите, тие да кажат како го замислуваат решението.

„Можеби е добро да ги земете работите во свои раце, да бидете субверзивни, бидејќи еднаш ќе ве прескокнат, меѓутоа не може секогаш. Ако зад вас стојат моќни организации, тогаш и вашиот збор и вие ќе бидете чуени. Мислам дека клучната улога ја имаат младите. Без ум, без знаење, без креација, без непослушност, промени нема“, рече претседателката Сиљановска Давкова, порачувајќи дека само одлуките во кои учествуваат младите можат да водат сметка за иднината во која клучниот збор ќе го имаат младите.

Во своето обраќање на настанот, британскиот амбасадор Метју Лосон посочи на заложбите за поддршка на младите луѓе.

„Британската амбасада е одлучна во поддршката на младите луѓе низ целата земја. Нашата посветеност вклучува зајакнување на младите девојки и жени, како и препознавање на критичната улога што ја играат во градењето на инклузивни и отпорни заедници. Продолжуваме да работиме заедно со голем број партнери со цел да ги опремиме младите со неопходното знаење, вештини и искуства потребни за нивно напредување, како професионално, така и лично. На овој Меѓународен ден на младите, ми претставува огромно задоволство што ги славиме нашите достигнувања и нашите придонеси заедно со претседателката, партнерите и младинските организации. Ќе продолжиме да работиме заедно на овие важни прашања“, рече амбасадорот Лосон.

Претседателот на НМСМ, Филип Ивковски рече дека радува можноста за Меѓународниот ден на младите да им се овозможи на младите простор да разговараат за своите потреби и интереси со носители на одлуки.

„Се надеваме дека ова нема да биде ретка можност туку стандардна практика преку која младите секогаш ќе бидат дел од одлуките кои ги засегаат  нив. Затоа и Националниот младински совет на Македонија веќе една деценија работи на креирање политики и мерки за млади издвојувајќи ги Законот за младинско учество и младински политики, Стратегијата за млади, Стратегијата за ментално здравје кај млади како позначајни системски решенија. Предизвиците се’ уште остануваат бројни, но секогаш нашата работа е водена од најдобриот интерес на секој млад човек и никој да не остане заборавен на маргините на општеството, рече Филип Ивковски, претседател на НМСМ.

Меѓународниот ден на младите кој се одбележува секоја година на 12 август е прогласен од Обединетите нации со идеја за подигање на свеста за младите и младинските прашања. Целта на денот е да се сврти вниманието на јавноста за одредени културни, социјални и правни прашања околу младите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.   Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока...

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа. Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна...

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...