Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Сојуз на борци на НОАВМ и граѓани продолжувачи

4 март 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија – НОАВМ и граѓани продолжувачи: Лилјана Димовски, претседателка на Општинската организација на Сојузот на борци – Тетово, Наум Бурески и Елена Јованова-Груевска потпретседатели на Главниот одбор.

Повод за средбата беше најавата за промена на имињата на дел од улиците и именување на досега неименувани улици на територија на општина Тетово.
Како што истакнаа од Сојузот на борци, тие се против какво било преименување на улици коишто носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите, кои преку многувековните борби, ја загарантирале македонската државност.
Како потомок на учесник во Народноослободителната војна, претседателката Сиљановска-Давкова посочи дека не смееме да ја заборавиме историјата и дека почитувајќи ги личностите кои биле дел од антифашистичката борба, покажуваме дека сме биле и остануваме на страната на прогресот. Хероите коишто ни ја донеле слободата, истакна претседателката, не се измислени. Нивните имиња кажуваат, нивните имиња раскажуваат историска вистина. Тие се дел од нашето национално и културно наследство коешто мора докрај да го почитуваме, додаде таа.
На претставниците на Сојузот на борци им порача да бидат истрајни, бидејќи сите имаме одговорност кон историјата и истата треба да им ја оставиме на нашите деца.
Членовите на Советот немаат право да ја ревидираат историјата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....