Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2024

1 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на третото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2024 што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на НУ „Театар за деца и младинци – Скопје“.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека несомнено станува збор за фестивал кој иако е стар само три години, веќе стекна заслужен углед, не само дома, туку и пошироко, како квалитетна и оригинална културна манифестација.

„Во оваа прилика не можам, а да не ги пофалам организаторите, Театарот за деца и младинци кои создадоа врвна манифестација  достојна на споменот на нашиот талентиран актер Игор Маџиров, кој за жал прерано нè напушти, оставајќи огромна празнина во неговиот матичен театар и во македонското глумиште“, рече Претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека верува дека годинашниот фестивал ќе понуди врвен квалитет на сцената на Театарот за деца и младинци, но и на сцените на неколку други театри во Скопје при што публиката ќе има несекојдневна можност во наредните денови да проследи десетина претстави од театри од неколку европски земји, создавани со љубов и трпение.

Претседателката упати порака до сите деца и млади, да живеат и уживаат во театарот и уметноста, да растат и да се развиваат со убавото и благородното, како и порака до нивните родители и до возрасните,  да го чуваат детето во себе, да ја негуваат неговата љубопитност, слобода и непослушност.

„Дозволете на крајот на моето обраќање да посакам Театарот за деца и младинци да продолжи да создава богата програма и да ги радува најмладите, да расте со нив. Посакувам овој симпатичен и топол уметнички дом, да се прошири и да порасне, соодветно на потребите на домаќините, но и гостите – публиката! “, истакна Претседателката посакувајќи пријатни и незаборавни мигови со претставите на третиот Интернационален фестивал на детски театри ,,Игор Маџиров“.

На отворањето на фестивалот којшто годинава се одржува под слоганот „Сè e твое” беше прикажана претставата „Не ме чекај“ во режија на Вера Розанова, а во изведба на театарот „Снег на трепките“ од Франција. Фестивалот којшто е наменет за детската и младинската публика, има за цел да ја промовира, развие и популаризира детската театарска продукција следејќи ги најновите трендови на содржини, форми, настани и текови во сферата на детскиот театар.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...