Сиљановска Давкова на КОП29: Земјите треба да имаат постојан пристап до фондовите за климатска акција пред членството во ЕУ

12 ноември 2024 | Обраќања

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, денеска се обрати на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и Влади.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:

Господине претседател, eкселенции, дами и господа,

Дозволете ми да се заблагодарам на Република Азербејџан и на претседателот Алиjев за организирањето на оваа, според мене, многу значајна конференција.

Се собравме на COP29 среде војна. Добрата вест е, како што некои би рекле, тоа што агресорот веќе трпи големи загуби и најверојатно ќе ја изгуби војната. Лошата вест е тоа што агресорот е самото човештво, со неговите неодржливи производствени системи и потрошувачки навики.

Доколку не го одржиме глобалното затоплување под 1,5 степени до 2050 година, наместо за одржливост и раст, ќе треба да размислуваме за соодветни места за населување и опстанок. Во оваа војна против природата, најчесто страдаат невините, децата, ранливите популации и малите нации во развој.

Сместена во еден од најранливите климатски региони во светот, Медитеранот, ние мора да ги прилагодиме нашите безбедносни, одбранбени, енергетски, здравствени, туристички, водни, образовни и други системи на овој повеќедимензионален предизвик, кој исто така треба да ги вклучи жените, децата и младите. Ги поддржавме декларациите за унапредена акција во доменот на туризмот и за водата за климатската акција. Воедно, назначив експерт за климатски промени во нашиот национален Совет за безбедност и се приклучивме на Групата на пријатели за клима и безбедност.

Нашата цел е да ја забрзаме транзицијата кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод во сите сектори, вклучувајќи ги енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството. За да постигнеме зелен раст, ќе инвестираме во зелени работни места и ќе ги преквалификуваме работниците од производството на енергија на база на јаглерод. Одржливата енергетска транзиција мора да биде еколошки и општествено праведна. Со донесување на Закон за климатска акција ќе воведеме правна рамка за мониторинг, известување, верификација и акредитација. Истовремено, ќе донесеме ревидиран Закон за енергетика и нов закон за обновливи извори.

Овие закони го поддржуваат спроведувањето на предизвикувачкиот кластер „Зелена агенда и одржливо поврзување“ во преговорите за членство во ЕУ, за што се потребни 3,1 милијарди евра за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Економскиот и инвестицискиот план и Зелената агенда за Западен Балкан обезбедуваат финансирање за ова. Без оглед на напредокот во процесот на пристапување во ЕУ, земјите треба да имаат постојан пристап до фондовите за климатска акција пред членството.

Почитувани екселенции,

Ни треба мировен договор, природен договор, како што би рекол Мишел Серес, за да престанеме да ја третираме природата како противник и да почнеме да се однесуваме кон неа како кон партнер. Парискиот договор, целите за одржлив развој се основата на тој мировен договор, на тој природен договор. Да ги спроведеме во согласност со принципот pacta sunt servanda.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...