Oдговори на новинарски прашања на прес-конференцијата на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот претседател Пелегрини

14 октомври 2025 | Интервјуа, Соопштенија

Новинарско прашање: Македонија има услов да влезе во Европската Унија од една страна, од друга страна се наоѓа на Балканот, а официјален Вашингтон, Пекинг и Москва почнуваат да го формираат новиот светски поредок. Прашањето е каква е стратегијата на Македонија за новиот светски поредок и што очекувате од Урсула фон дер Лајен утре?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Сведоци сме на тектонски промени во глобалниот свет. Вашето прашање може да биде исто и сличен одговорот и ако го поставите до било кој претседател на земја од Европската Унија, бидејќи ние имаме стопостотно усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија. Тоа е првиот дел од одговорот, вториот дел од одговорот е исто така – да, неспорно е дека ние имаме стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави воспоставено, веднаш по, ако се сеќавате, неуспехот во Букурешт и ние и покрај тоа што тогашниот председател на САД, господинот Буш, најави дека ќе станеме членка на НАТО – не станавме и потоа склучивме стратешко пријателство. Значи, во поглед на светот и тектонските промени, ние сме позиционирани не само поради заедничката надворешна и безбедносна политика, туку и заради членството во НАТО, на истите позиции, на истите ставови, на истите видувања, на истата стратегија, каква што е онаа на Европската Унија. За условувањето, веќе познати ви се моите ставови, јас ги пренесов денеска и пред претседателот Пелегрини, иако и нему му се познати. Според мене, Копенхагенските критериуми се тие кои што се најважниот и единствениот треба да бидат услов за сите членки на ЕУ и за сите кандидати за ЕУ, се разбира. И при аплицирањето, и при напредувањето, и при евроинтегрирањето на другите држави, се појавувале некои меѓусебни проблеми што не биле директно врзани за Копенхагенските критериуми, но тие биле надминувани бона фиде, никогаш со поставување на услови со какви се соочуваме ние: или ќе го извршите ова, или ќе се соочите со вето. Зошто го истакнувам ова и потребата од анулирање на ваквите дополнителни услови? – Нема да заврши таа тажна приказна, само со нас. Како што знаете, кон ЕУ имаат тенденција да се приклучат и земји од Евроазија. И во тие земји има проблеми што се врзани за жал за историјата, за културното наследство и слично. Нема некои  членки, доколку продолжи приказната со нас, тоа навистина нема да стават крај, туку ќе ја продолжат таа тажна приказна. Значи, решавајќи го овој тежок проблем на нас, всушност ќе се реши проблемот и со идната евроинтеграција.

Новинарско прашање: Претседателке, слушнавме дека гостинот е оптимист во однос на доаѓањето на шефицата на Европската Комисија утре во Скопје. Какви се нашите очекувања од посетата? Дали можеби постои некаква комуникација со официјална Софија со оглед на тоа дека премиерот најави интензивирање на дијалогот по изборите и стартот на новата година? Дали постојат некакви комуникации и очекувања?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Прво, веројатно знаете дека во време на избори комуникацииите, кога е во прашање владата, не се добредојдени. Што се однесува до мојата комуникација, на маргините, да, имам комуникација на маргините. Доаѓањето на г-ѓата фон дер Лајен може да се гледа низ две призми, низ два агли. Едниот е, се работи за редовна посета, таа и минатата година, ако се сеќавате, имаше посета на регионот и мислам дека е тоа добро заради кондицијата на регионот и многу важно е, заради потикнувањето на онa што можеби господинот Шајн кога ме праша, можеше да го дополнам во одговорот, за потребата од регионален настап, регионална поддршка, регионална солидарност, регионално разбирање или ако сакате обид Балканот да се обиде да личи на Балтикот. Бидејќи на Балтикот, државите, балтичките држави, најпрво и најревносно беа поддржани од Шведска, Данска и Финска.

На Балканот тоа не се случуваше, имаше и претходно проблеми како нашиот, но се сеќавате меѓу Словенија и Хрватска, но се уште не е разрешен проблемот, меѓутоа се постигна еден компромис. Тоа е важното, важно е исто така, ние рековме дека одамна или после Солунскиот самит можеби не сме виделе јасна стратегија кон Западниот Балкан, меѓутоа дека со планот за раст, веќе како заедно да чекориме со Европската Унија. Тоа е врзано за финансиска поддршка, но финансиската поддршка не е ан блок, туку е врзана за реформи.

Тоа нѐ прави нас компатибилни и поблиски до Европската Унија, зoшто реализирањето на реформскиот план и реформската агенда е на линија на, всушност, Копенхагенските критериуми. Се разбира деновиве, јас го слушам премиерот како вели дека и во разговорот ќе постави определени прашања. И самата делам слични ставови, навистина мислам дека спремноста на ЕУ за наше прифаќање може да се изрази и на тој план, дури и на аеродромите во нашето третирање како рамноправни граѓани и всушност, тоа е тоа, ако можам да кажам, реформирање во чекорење. Реформирање во чекорење.

Се разбира, очекувам да се спомене и ова прашање. Ние од секогаш сме биле спремни да разговараме со аргументи. Ние од секогаш сме мислеле дека бугарскиот народ ни е близок. Бугарската држава била првата што не признала без никакви условувања, не случајно, значи. Затоа јас понекогаш сум изненадена од сегашното политичко поведение. Убедена сум дека судбината сакала да живееме едни до други.

Ние треба да се поддржуваме, ние треба да се разбираме. Не може да биде соседот среќен ако ние сме несреќни. Затоа, поддржувајќи го другиот, ние се поддржуваме себе си.

Зошто регионалните прашања, регионалните проблеми нѐ направиле блиски, кооперативни и ние, дури и во рамките на Европската Унија, ако сакаме да бидеме компетитивни и слушани, треба исто така да ги застапуваме и да ги браниме регионалните интереси.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со...

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Треба да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на европеизацијата, да се самоевропеизираме Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени...

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на...