Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици од ООУ „Конгреси и Манастирит“ во пресрет на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

21 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, прими ученици и наставници од општинското основно училиште „Конгреси и Манастирит“ од Скопје.

На средбата учениците ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните интереси, лични амбиции и афинитети во тековниот образовен развој, а имаа и можност непосредно да се информираат за работата, како и за предизвиците коишто произлегуваат од претседателската функција.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на заштитата и унапредувањето на правата на децата и на квалитетната едукација и образование, со што ќе се продуцираат висококвалификувани, амбициозни и среќни млади луѓе, коишто се иднината на секоја држава. Во таа насока, Претседателката им порача на учениците да веруваат во себе, да бидат чесни и несебични, посветено да пристапуваат кон остварување на своите желби и соништа.

Во разговорот со учениците и наставниците од училиштето „Конгреси и Манастирит“, Претседателката упати честитки по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември, нагласувајќи ја клучната улога на наставниот кадар во креирањето квалитетен, ефективен и инспиративен едукативен процес.

За време на престојот во Кабинетот, учениците ги разгледаа просториите во коишто се реализираат настани, средби и свечености, се информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за надлежностите на Претседателот во македонскиот државен и политички систем.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова разговараше со Илија Каров, претседател на Кинолошкиот клуб  “Македонско овчарско куче – Караман”

Сиљановска-Давкова разговараше со Илија Каров, претседател на Кинолошкиот клуб “Македонско овчарско куче – Караман”

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче - Караман“, Илија Каров, по повод условното впишување на расата Караман во регистрите на Светската кинолошка федерација, со што, таа стана...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Фондацијата Роми за Европа и Ромскиот образовен фонд

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Фондацијата Роми за Европа и Ромскиот образовен фонд

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Лолита Хасани Грасман, советник за институционална соработка и комуникација во Фондацијата Роми за Европа со седиште во Брисел и Реџепали Чупи, директор на Ромскиот образовен фонд за нашата држава и Србија,...

Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето, храброста и визијата ги надминуваат границите

Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето, храброста и визијата ги надминуваат границите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во  STEM професиите (наука, технологија,...

Официјална посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Официјална посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во...

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа третата седница на Советот за безбедност. На седницата со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа сите членови на Советот за безбедност: Африм Гаши, претседател на Собранието;...