Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз

14 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз.

На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци, кога Бранимир  Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон, а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.

Претседателката изрази задоволство од континуираната и посветена заложба на параолимпијците, не само во достоинственото претставување на државата на најпрестижниот спортски настан, туку и во надминувањето на препреките и стереотипите. Во тој контекст ја нагласи потребата македонското општество, институции и поединци активно да придонесуваат во насока на подобрувањето на условите за нашите сограѓани со попреченост.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...