Претседателката Сиљановска Давкова го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана

4 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова оствари средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски, како и со генералите во Армијата и раководни лица во Министерството.

На средбите, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за актуелната состојба, процесите на трансформација и модернизација и опремување, обуката и активностите кои се од значење за извршување на мисијата на Армијата, како и учеството во операциите со кои придонесуваме во колективната безбедност.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Армијата како институција со најголема доверба во државата и докажан сојузник во Алијансата е неопходно понатамошно вложување за подобрување на условите за живот и работа во сите сместувачки капацитети. Таа изрази очекување дека Армијата, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити територијалниот интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја членка на НАТО.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...