Повик за акредитирање – Официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

23 февруари 2026 | Соопштенија

Ве известуваме дека на 27 февруари 2026 година, петок, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Заинтересираните медиуми за следење на посетата потребно е да се акредитираат најдоцна до 25 февруари 2026 година, среда, до 10:00 часот, со достава на следните податоци:

– Име и презиме на медиумскиот претставник,
– Медиум и функција (новинар/снимател/фоторепортер),
– Единствен матичен број и број на лична карта.

Ве молиме да ги доставите податоците на следнава електронска адреса [email protected]

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија,...

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето. [gallery...

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само...

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. Таа изрази подготвеност за понатамошна соработка со истата динамика и посветеност како со претходната...

Сиљановска-Давкова разговараше со раководството на Факултетот за музичка уметност

Сиљановска-Давкова разговараше со раководството на Факултетот за музичка уметност

По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за...