Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

10 ноември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.

Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се оформени.

Потсетувајќи на Антонио Грамши за концептот „interregnum“, Сиљановска-Давкова предупреди дека токму во такви периоди се создава простор за политички вакуум и геополитички ризици, бидејќи, како што нагласи, „политичкиот вакуум никогаш не трае долго“, а тоа особено важи за Балканот.

Зборувајќи за европската перспектива на регионот, Претседателката порача дека земјите од таканаречениот Западен Балкан не се периферија на Европа, туку нејзин природен географски, историски и културен дел.

Сиљановска-Давкова посочи дека земјата 21 година има кандидатски статус и дека зад неа стојат 17 позитивни извештаи, но и покрај тоа сè уште не го започнала преговарачкиот процес.

Говорејќи за бројните уставни измени, Сиљановска-Давкова ја отвори и суштинската дилема за суверенитетот и демократскиот легитимитет, потсетувајќи дека Уставот не е само највисок правен акт, туку и општествен договор.

„Мојот суверенитет извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. И мојот легитимитет исто така“, порача Претседателката, повикувајќи на владеењето на правото, како и почитување на човековите права и слободи.

Наместо само да бара од земјите од Западен Балкан да бидат поотпорни, Европската Унија треба да ја зајакне нивната отпорност со забрзување на процесот на нивната интеграција во ЕУ.

Претседателката предупреди дека во современиот свет, обележан со вештачка интелигенција, дигитализација и нови форми на хибридни закани, одговорот не може да биде само надворешна отпорност, туку и внатрешна демократска и институционална цврстина.

Одговарајќи на прашањето за протестите во повеќе европски земји, во кои особено активно учествуваат младите, таа нагласи дека тие не треба се третираат само како иднината, туку како рамноправни учесници во сегашноста и во процесите на одлучување.

Според неа, односот кон младите мора да се темели на почит, еднаквост, охрабрување и нивно активно учество во носењето одлуки. За неа, дијалогот меѓу генерациите е предуслов за опстанок во свет кој повеќе не може да се гради врз изолираност.

На крајот, таа порача дека Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан, а европската безбедност не може да се одвои од безбедноста на регионот.

На панел дискусијата учествуваа и литванскиот претседател, Гитанас Науседа и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа. Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна...

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...