Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата

14 јуни 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со професори од Универзитетот Хамболт од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов,  Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва. На средбата присуствуваа и деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф. д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија.

Професорите ја информираа претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.

Тие, преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него.

Претседателката ја поздрави и охрабри македонско- американската научна археолошка активност, оквалификувајќи го нашето археолошко наследство како национална и цивилизациска културна вредност.

Таа ја истакна вербата дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва.

Претседателката изрази подршка за проектот на двата универзитета, поздравувајќи ја размената на студенти, од една страна, но и важноста на археолошките пронајдоци за развојот на културниот туризам, од друга.

Воодушевени од македонското културно наследство, американските професори изјавија дека се изненадени од археолошката разновидност, од една страна, но и од староста и  слоевитоста на историјата, од друга, што е голем научен и човечки предизвик за сите нив!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. [gallery...

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...