Проштална средба на претседателката Сиљановска Давкова со белгискиот амбасадор Фредерик Мерис

28 јуни 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Кралството Белгија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се одликуваат со пријателство и заемна подготвеност за нивно унапредување во сите сфери од заемен интерес. Во насока на натамошно динамизирање на комуникацијата и меѓусебните односи, претседателката Сиљановска Давкова го реафирмираше интересот од македонската страна за резидентно претставување и отворање на белгиска амбасада во Скопје.

На средбата се разговараше за перспективите на државата за напредок во евроинтеграциските процеси, реформската агенда по формирањето на новата влада, како и исходот од белгиското претседателство со Советот на Европската Унија, кое завршува на крајот од месецот. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната белгиска поддршка по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија и препознавањето на проширувањето како стратешки интерес на унијата.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман и придонесот на амбасадорот Мерис во развојот на македонско-белгиските односи и му посака натамошен успех на личен и на професионален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен...

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Таа говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици со коишто се соочува...