Проштална средба на Сиљановска-Давкова со словачкиот амбасадор Маркуш

25 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш на проштална средба.

Сиљановска-Давкова изрази искрена благодарност за посветената служба на амбасадорот и неговиот значаен придонес во продлабочувањето на пријателските и традиционално блиски односи меѓу двете земји. Таа истакна дека длабоко ја цениме принципиелната и доследна поддршка од Словачка за процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија. Словачка помогна и во изработката на „Националната стратегија за развој 2024–2044“, клучен стратешки документ што ќе ја води нашата развојна траекторија во децениите што доаѓаат.

Амбасадорот Маркуш лично се вклучи во акцијата за поддршка на жените кои се борат со канцер.

Соговорниците се согласија дека идните напори треба да се насочат кон проширување и продлабочување на економската соработка, со цел таа да го достигне нивото на одличните политички односи.

Амбасадорот Маркуш изрази благодарност за топлото гостипримство, со увереност дека најавената официјална посета на словачкиот претседател Петер Пелегрини ќе биде можност за ново поглавје во односите.

Претседателката му се заблагодари за неговиот дипломатски ангажман и му посака успеси на личен и професионален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...